Испитот од Биофизика ќе се одржи во следниве термини:
1. испитен рок
11. Јануари, во Амфитеатарот 1 на Медицински факултет
2. испитен рок
22. Јануари, во Големиот Физички Амфитеатар на Природно-математички факултет
Сите кандидати кои сакаат да го полагаат испитот во два дела и тоа првиот дел на 11. јануари, а вториот дел на 22. Јануари, треба да го пријават испитот за вториот рок, односно за 22. Јануари. Врз основа на тие пријави ќе биде направен распоред по групи за полагање на првиот дел во првиот испитен рок.
Сите кандидати кои го положиле првиот дел, а сакаат да го преполагаат уште еднаш во првиот испитен рок, треба да го најават преполагањето или на e-mail кај предметниот наставник, или како коментар на овој блог. Распоредот по групи за полагање на првиот дел во првиот испитен рок ќе биде направен врз основа на претходно споменатите пријави и најавите за преполагањето.
Сите кандидати кои сакаат да го полагаат целиот испит (и првиот и вториот дел) во првиот испитен рок, испитот да го пријават за првиот испитен рок.
Сите кандидати кои сакаат да го полагаат целиот испит (и првиот и вториот дел) во вториот испитен рок, испитот да го пријават за вториот испитен рок.
Распоредот по групи за полагање на испитите во двата рока ќе биде истакнат на блогов најдоцна два дена пред терминот за испит.
No comments:
Post a Comment