Доста од колегите кои го положија испитот сеуште не земале оцена. Јас неколку пати закажував термин за оцени, но сите колеги не дојдоа. Оцената не ја впишувам во електронското досие се додека не дојде колегата/колешката за впишување на оцената во индекс, затоа што има некои од нив кои не се задоволни од оцената и сакаат да го преполагаат испитот. Поради тоа, оние кои сакаат да го преполагаат испитот нека ми се јават на e-mail да ми го потврдат тоа.
Оние кои сакаат оцената да им се впише во индексот и во електронското досие може да дојдат на 28.02.2013 помеѓу 11:00 и 12:00 часот на ПМФ, кабинет број 13.