Sunday, December 9, 2012

Прв колоквиум во учебна 1012/13 година

Материјалот за првиот колоквиум завршува заклучно со БИОАКУСТИКА. Тоа значи дека во првиот колоквиум ќе влезе целиот материјал почнувајќи од Биомеханика, па се до крајот на поглавјето Биоакустика.

Во компјутерот во амфитеатарот каде што се наоѓаат сите материјали од предавањата, ставена е нова Power Point презентација за биоакустика. Студентите од групата А, чие што предавање за вториот дел од биоакустика беше одложено, можат да ја симнат таа презентација.

Од студентите беше побарано одложување на терминот за колоквиумот. Колешка, која ми се претстави како координатор, ги доби од мене можните слободни термини за одложување. Таа рече дека ќе го организира одложувањето со Деканатот на Медицински факултет. До сега немам добиено никаква информација во врска со тоа. Ако не добиете званична информација од Деканатот и од мене (на овој блог), тогаш останува однапред закажаниот термин, 13. Декември 2012 во Големиот физички амфитеатар на Природно-математичкиот факултет. Во најскоро време на овој блог ќе биде истакнат распоред по групи за овој колоквиум.

No comments:

Post a Comment